Германскиот великан Баерн Минхен го потврди своето второ засилување за новата сезона. Се работи за португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро.
Гереиро на „Алијанц арената“ доаѓа од редовите на Борусија Дортмунд, а со Баварците потпиша до јуни 2026 година.
„Кога добив повик од Баерн Минхен, одлуката беше лесна. Чест е да се игра за овој голем клуб, исто така имам високо мислење за Томас Тухел. Јас сум играч кој постојано ја бара топката, идејата е да се контролира играта и сакам да креирам шанси. Ќе го дадам максимумот за да освоиме што е можно повеќе титули. Тоа е филозофијата на Баерн“, изјави Гереиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

