Официјално: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе игра на Вимблдон, откако оранизаторите на овој турнир го најавија како учесник.

Прашање беше дали светскиот рекет број 2 ќе настапи на најпрестижниот Грен-слем со оглед дека на Ролан Гарос заработи повреда, меѓутоа организаторите потврдија дека 37-годишниот тенисер ќе се најде на ждрепката.

Пред неколку дена Ѓоковиќ беше во Минхен каде што ја бодреше фудбалската репрезентација на Србија во дуелот со Данска на ЕВРО 2024.

Се вчитува...