Само неколку часа откако ја потврди разделбата со Горазд Михајлов, најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар го промовираше неговиот наследник.
Тоа ќе биде Горан Петрески за кој скопскиот тим верува дека со своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин да ја предводи екипата.
Педесетидвегодишникот во минатото ја предводеше репрезентацијата на Македонија до 18 години, а беше дел и од Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА