Горазд Михаилов и официјално промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Брера Струмица.
Раководството на Брера, откако пред два дена спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ, како што најавивме претходно се одлучи довербата да ја даде на 50-годишниот досегашен тренер на Вардар.
Како што информираат од Брера, Горазд Михаилов денеска го презеде тимот. Со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Во стручниот штаб на Михаилов помошници ќе му бидат Тане Темелков и Тони Атанасов кој од младинскиот погон се префрлува во сениорите, кондициски тренер останува Дарко Коцев, а тренер на голманите Ѓорѓе Шопов.
Михаилов е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата кариера претходно ги водеше и екипите на Силекс, Борец од Велес, Тетекс, Напредок, Пелситер и Охрид а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА