Рускиот интернационалец Сергеј Горбок во следните две сезони ќе го носи дресот на Вардар. Тој официјално потпиша двегодишен договор со македонскиот првак. Откако ја освои титулата во Унгарија со екипата на ПИК Сегед, сега левиот бек повторно ќе го носи „црвено-црниот” дрес.
Тој е вториот играч од шампионскиот тим на ПИК Сегед што доаѓа во Скопје, по средниот бек Сташ Скубе кој потпиша тригодишен договор со клубот.
Договорот со десноракиот играч на руската репрезентација, Сергеј Горбок е постигнат до јуни 2020 година. Горбок ќе игра на позицијата лев бек заедно со Вуко Борозан и треба да бидат уште поубиствен тандем.
Горбох веќе беше дел од Вардар во сезоните 2014/2015 и 2015/2016. Тогаш Вардар стигна двапати до четвртфиналето на лигата на шампионите. Тие две сезони Горбох постигна вкупно 104 гола за македонскиот клуб.
Покрај во Вардар и во ПИК Сегед, Горбок има настапувано и за екипите на Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и за Чеховски Медведи.
џ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА