Џек Грилиш од вечерва и официјално е нов член на Манчестер Сити, откако „граѓаните“ го комплетираа ангажманот на англискиот репрезентативец од редовите на Астон Вила.
Пеп Гвардиола го потенцираше Грилиш како едно од посакуваните засилувања за наредната сезона, што беше причина газдите на Сити да ги прифатат условите што Астон Вила ги бараше за продажба на својот најдобар фудбалер. „Граѓаните“ се согласија да платат 100 милиони фунти за големиот ас, со што Грилиш стана најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата.
Англискиот репрезентативец ќе го носи дресот со број 10 во Манчестер Сити, што до оваа сезона беше сопственост на Серхио Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА