Сагата конечно заврши, Антоан Гризман од денеска и официјално е нов член на Барселона. Адвокатот на голгеторот денеска во просториите на Ла лига ја плати клаузулата од 120 милиони евра за раскин на договорот со Атлетико, пошто Барселона и официјално го потврди овој мегатрансфер.
Гризман потпиша договор до 2024 година, а клаузулата за раскин на договорот со Барса изнесува огромни 800 милиони евра. Овој напаѓач е трето најскапо засилување во историјата на Барселона, зад Кутињо и Дембеле. Официјалната презентација на Гризман во Барселона ќе биде закажана најдоцна до вторник, најавуваат каталонските медиуми.
Ангажманот на Гризман не значи откажување од Нејмар со оглед на интенвизираните напори на Каталонците, да најдат заеднички јазик со ПСЖ и да го вратат Бразилецот назад на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА