Бобан Грнчаров денеска и официјално го презеде кормилото на Македонија ЃП, со што поранешниот репрезентативец го прифати предизвикот да се обиде со овој тим да се избори за опстанок во елитното друштво.
„Лавовите“ се наоѓаат во долга серија на порази со која паднаа на последното место на табелата, што придонесе од клупата по неделниот проаз од Воска да си замине тренерот Џангаровски. Грнчаров веднаш беше прв фаворит за испразнетото место, за екс-тренерот на Вардар денеска и официјално да ги договори и последните детали и да седне на клупата на „лавовите“.
Предизвикот ќе биде огромен ако се знае дека Грнчаров ќе има и пеколно деби, Македонија ЃП утре му гостува на актуелниот шампион Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА