Манчестер Сити и официјално го комплетираше договорот за кам-бек на Илкај Гундоган од Барселона после една година пауза. 33-годишниот играч од средниот ред потпиша едногодишен договор со клубот од „Етихад“.
Германецот мина седум години во дресот на Сити, пред да се пресели во Барселона во јуни 2023 година, само 16 дена откако беше капитен на екипата во освојувањето на тројната круна.
Во текот на неговиот извонреден прв ангажман во Клубот, Германецот освои пет титули во Премиер лигата, два ФА Купа, четири Лига Купа, два Комјунити Шилд и една Лига на Шампиони, забележувајќи 304 настапи и постигнувајќи 60 гола.
„Моите седум години во Манчестер Сити беа време на задоволство за мене во и надвор од теренот. Пораснав како личност и како играч, развив посебен однос со навивачите и уживав. Тоа ми беше најубавиот период во мојот живот. Овој момент ми значи многу. Ја има почитта кон секого, особено кон Пеп, тој е најдобриот менаџер на светот и работата со него ве прави подобар играч“, рече Гундоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА