Пеп Гвардиола и официјално останува на клупата на Манчестер Сити продолжувајќи го договорот за уште две сезони, до јуни 2027 година, информираа од редовите на шампионот на Англија.
Беше неизвесно дали Гвардиола ќе остане или ќе го напушти кормилото на „граѓаните“, но вечерва од Манчестер сити и официјално информираат дека е потпишан нов договор до јуни 2027.
Во моментов тимот на Пеп заостанува пет бода зад првопласираниот Ливерпул во Премиерлигата, и одбраната на титулата е загрозена, но раководството му верува и го наградува со нов договор.
Гвардиола е дел од Манчестер Сити од 2016 година, и испиша историја со овој тим, освојувајќи ги сите титули кои можеше да ги освои.
The journey continues 🩵 pic.twitter.com/8aluupvQw9
— Manchester City (@ManCity) November 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА