Официјално: Ханси Флик е нов тренер на Барселона

Германскиот стратег Ханси Флик од денеска и официјално е нов тренер на шпанскиот гигнат Барселона. На клупата на клубот од „Камп Ноу“ ќе остане во следните две години, исполнувајќи го својот сон за предводење на каталонскиот тим.

Поранешниот селектор на германскта репрезентација и предводник на Викторија Баментал, Хофенјам и Баерн Минхен подолго време се поврзуваше со ангажман во Барселона, а доаѓа на местото на Чави кој со крајот на сезоната беше „избркан“ од тимот.

Флик последниот клупски ангажман го имаше во Баерн Минхен со кој од 2019 до 2021 година ги освои Лигата на Шампиони, ФИФА Светското клупско првенство, УЕФА Суперкупот, две титули во Бундеслигата и по еден германски Куп и Суперкуп.

Се вчитува...