Официјално: Хумелс се врати назад во Дортмунд

Матс Хумелс повторно ќе го облече дресот на Борусија Дортмунд, откако одличниот дефанзивец го комплетираше трансферот од Баерн Минхен во таборот на „милионерите“. Германскиот вицепрвак ги договори сите детали, вкупната висина на трансферот заедно со сите клаузули изнесува 38 милиони евра, а Хумелс се согласил и на нешто помала плата од онаа што ја земал во Баерн, за враќање назад во Дортмунд.

„Можеме да потврдиме дека постигнавме договор за продажба на Матс Хумелс во Борусија Дортмунд. Трансферот ќе се комплетира откако фудбалеот ќе ги мине лекарските прегледи“ – соопштија од раководството на Баерн.

Хумелс одигра 118 натпревари за Баерн, постигнувајќи осум погодоци. Тој претходно со голем успех го носеше дресот на Борусија под водство на Јирген Клоп, стигнувајќи до титулите во Бундес-лигата во 2011 и во 2012 година.

Се вчитува...