Официјално: Ибра јуниор тргна по стапките на својот татко (ФОТО)

Максимилијан Ибрахимовиќ ја продолжува својата кариера во Ајакс. Поточно, практично ќе започне точно таму каде што неговиот татко Златан се катапултираше во фудбалскиот свет.

Нивниот пат на развој досега е речиси идентичен. Двајцата ги поминаа своите младински тренинзи надвор од Амстердам, Златан во Малме, неговиот син во Милано.

Во секој случај, тој ќе ги следи стапките на својот татко од Ајакс и се очекува да ги одигра своите први сениорски минути во клубот каде Златан остави значаен белег пред да доминира на европските терени.

Милан и Ајакс се согласија дека 20-годишниот Ибрахимовиќ јуниор ќе биде на позајмица до јуни, по што планот е да се врати во редовите на италијанскиот клуб.

Доколку, пак, задоволи во Ајакс, постои можност клубовите да се договорат за трансфер на играчот во Холандија.

Со оглед на тоа што неговата кариера е сè уште во почетна фаза, за очекување е „росонерите“ да го испратат во друг клуб на лето на темперирање, каде што би ги добил потребните минути за да го покаже својот целосен потенцијал.

Се вчитува...