Дефинитивно дојде крајот на „сапуницата“ околу евентуалниот настап на Златан Ибрахимовиќ на СП во Русија, за кој бројни европски медиуми шпекулации во изминатиот период. Шведската Фудбалска Федерација денеска објави соопштение, со кое јасно стави до знаење дека Ибракадабра нема да биде дел од националниот тим на претстојниот мундијал.
„Златан Ибрахимовиќ во минатото одби да игра за нашата репрезентација и ситуацијата не е променета. Јас разговарав со Златан и тој ми кажа дека не ја променил својата одлука. Неговиот одговор е НЕ“ – изјави тим-менаџерот на шведската репрезентација, Ларс Рихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА