Официјално: Легендата после 22 години заминува од Реал Мадрид

На крајот од сезонава ќе заврши и една ера во Реал Мадрид. Искусниот Дани Карвахал заминува од таборот на „кралевите“, после 22 години минати во кралскиот клуб. Десниот бек е дел од Реал од 2002 година најпрво во младинските категории, а во 2010 година игра во Б тимот на најтрофејниот шпански тим.

Карвахал во последно време не е во плановите на Реал, и затоа се реши да го напушти клубот и да бара нова средина. Веќе ги информирал челниците на клубот дека на крајот на овој шампионат ќе бара нова средина.

Шпанецот сезоната 2012/2013 ја мина во Баер Леверкузен, но после само една година мината во Германија, се врати повторно во Мадрид, и настапува без прекин за Реал од 2013 година.

Со Реал ги освои сите можни трофеи. Има четири пехари во Ла Лига, два во Копа дел Реј, четири во Суперкупот на Шпанија, шест пехари во Лигата на шампионите, пет во УЕФА Супер-Купот, пет во ФИФА Светското клупско првенство, и еден Интерконтинтенален куп.

За Шпанија одигра 52 меча, и постигна еден гол – против Хрватска на ЕП 2024 година во Германија.

Се вчитува...