Oфицијално: Иниеста го добива Бојан Кркиќ за нов соиграч во Висел Кобе!

Шпанскиот фудбалер Бојан Кркиќ официјално има нов клуб, Шпанецот ќе стане нов соиграч на Андрес Иниеста во јапонскиот клуб, Висел Кобе. Кркиќ е еден од оние играчи за кои може да се каже дека не го исполнија потенцијалот и очекувањата.

Тој се појави во септември 2007 година во првиот тим на Барселона соборувајќи го рекордот за најмлад дебитант и се најавуваше дека може да тргне по патот на Меси. Меѓутоа „вечниот талент“ шеташе по Европа и ја бараше среќата. Се проба во Рома, Милан ,Ајакс, Стоук, а потоа замина во САД и играше за Монтреал Имапкт. Сепак, и на тој клуб дојде крајот, па сега ќе игра за Висел Кобе.

„Едвај го чекам новиот предизвик. Ова е една од најдобрите прилики на личен и професионален план. Ме привлекува јапонската култура и благодарение на Кобе повторно ќе играм со Иниеста. Тој е посебен за мене, среќен сум поради тоа. Се надевам одлично ќе соработуваме“, изјави Кркиќ.

 

 

 

 

Се вчитува...