Официјално: Иниеста има нов клуб

Поранешниот играч на Барселона и на шпанската репрезентација Андрес Иниеста е нов играч на Емирејтс, клуб од Обединетите Арапски Емирати.

„Добродојде Иниеста“, стои во натписот на клубот на социјалните мрежи. Клубот стави слика со дресот на тимот, и објави дека деталите од договорот ќе бидат објавени во среда на прес-конференција.

39-годишниот Иниеста досега настапуваше за јапонски Висел Кобе, а стана легенда на Барселона со минати 22 години во каталонскиот клуб.

Се вчитува...