Официјално: Интер го врати Алексис Санчез

По една година чиленаскиот фудбалер Алексис Санчез се врати на „Џузепе Меаца“ и повторно ќе го носи дресот на Интер. Напаѓачот играше во овој тим од 2019 до 2022 година, каде забележа 109 настапи и постигна 20 голови.

Санчез се враќа во Интер како слободен агент, откако му истече договорот со Олимпик Марсеј. Во Марсеј во спротивен правец замина Анхел Кореа.

Санчез покрај Интер и Марсеј, настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Барселона, а во Европа прв клуб му беше Удинезе. Играше и во Ривер Плејт и Коло Коло.

Се вчитува...