Италијанскиот стратег Симоне Инзаги останува на клупата на Интер до 2026 година откако денеска официјално стави потпис на нов договор.
Инзаги седна на клупата на Интер летото 2021 година и досега го предводеше својот тим до шест трофеи: титула во Серија А, два трофеи во Купот на Италија и три во Суперкупот на Италија.
Четириесетиосумгодишникот ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона со бонус од два милиони евра за освоена нова титула во италијанското првенство.
Simone Inzaghi 🤝 Inter 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣#ForzaInter #Inzaghi2026
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) July 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА