Димитрис Итудис од денеска и официјално е нов тренер на Фенербахче, откако трофејниот стручњак потпиша тригодишен договор со новиот шампион на Турција. Итудис доаѓа на чело на Фенер на местото на Александар Ѓорѓевиќ, кој не доби нов договор иако стигна до нова титула во домашното првенство, во финалето совладувајќи го европскиот првак Анадолу Ефес.
Преговорите меѓу Итудис и Фенербахче траеја неколку месеци, откако одличниот стручњак реши да си замине од Москва поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина. Тој договори прекин на соработката со ЦСКА, по што ги прифати понудените услови од Фенербахче. Овој трансфер претставува враќање на Итудис во турското првенство, каде пред осум сезони го водеше тимот на Банвит, со кого се сретна и со МЗТ Скопје во рамките од Еврокупот.
Тој ја напушта ЦСКА Москва по осум години на чело на рукиот кошаркарски гигант, со кој стигна до две титули во Евролигата и шест трофеи во ВТБ-лигата. На негово место управата на ЦСКА Москва за нов тренер го именуваше Македонецот Емил Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА