Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов од денеска и официјално е нов член на грчкиот фудбалски тим АЕ Лариса.
Македонскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со грчкиот тим.
„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со македонскиот интернационалец Јани Атанасов за следните две сезони“, стои во соопштението на АЕ Лариса.
За 25-годишниот играч од средниот ред, ова ќе биде петти интернационален ангажман во кариерата. Покрај Краковија, настапуваше и за турскиот Бурсаспор, хрватскиот Хајдук, а беше и на позајмица во полскиот тим Ниепломице.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

