Дефанзивецот на Палмеираш, Јери Мина и официјално е нов член на Барселона. Каталонскиот гигант исплати вкупно 11.8 милиони евра, додека Колумбиецот се согласи на пет ипол годишен договор, со клаузула од 100 милиони евра.
Мина пристигнува како замена за искусниот Хавиер Маскерано кој ќе го напушти шпанскиот вицешампион во овој преоден рок.
За две сезони во кои го носеше дресот на Палмеираш, Мина се изгради во еден од најдобрите одбранбени играчи во Бразил, oсвојувајќи ја наградата за најдобар дефанзивец во првенството во 2017 година. На 49 натпревари за бразислкиот клуб постигна девет погодоци, додека за репрезентацијата на Колумбија досега забележа девет настапи на кои три пати се запиша како стрелец.
Барселона со Мина го завршува вториот трансфер во овој преоден рок, откако пред неколку дена пристигна Филипе Кутињо за 160 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА