Македонскиот репрезентативец Јован Манев го комплетираше трансферот во Ријека, откако нашиот дефанзивец доби раскин на договорот со Аданаспор.
За Манев ова е камбек во хрватскиот фудбал ако се знае дека претходно со успех настапуваше во оваа лига како член на Осијек, а сега ќе се обиде во слично светло да се претстави и во дресот на второпласираниот тим на табелата.
„Имам играно во ХНЛ, знам каков е квалитетот овде и какви се играчите во оваа силна лига. Знам како работи Ријека со млади фудбалери, прссреќен сум што сум овде и ќе го давам максимумот на секој натпревар, да биде што подобро за клубот, за мене и за навивачите. Знам дека Ријека има квалитетен тим со голем број млади фудбалери, но и неколку поискусни кои го заокружуваат целиот ростер. Наша желба е првото место и ќе го дадеме максимумот за да стигнеме до титулата“, изјави Манев по потписот за хрватскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА