Официјално: Јуве без Дибала на дербито со Интер

Пауло Дибала нема да може да му помогне на Јувентус на големото дерби што „старата дама“ следниот викенд ќе го игра на „Џузепе Меаца“ против Интер. Аргентинскиот напаѓач ссе повреди во првото полувреме од дуелот со Сасуоло, а деталните прегледи покажаа проблем со коленото поради што Дибала ќе мора да мирува во наредниот период.

Повредата не е премногу сериозна, но голгетерот ќе паузира најмалку петнаесетина дена, што значи дека дефинитивно нема да му биде на располагање на тренерот Пирло за дуелот со Интер. Покрај овој натпревар, Дибала ќе го пропушти и дуелот од Супер-купот на Италија против Наполи закажан за 20 јануари, како и домашниот меч од Серија А против Болоња. Доколку нема компликации, тој би можел да се врати во тимот за гостувањето против Сампдорија на 30 јануари.

Јувентус за првпат сезонава врза три победи во низа во Серија А, искачувајќи се на четвртото место на табелата со седум бода заостанување зад лидерот Милан, но и меч помалку од „росонерите“.

Се вчитува...