Јувентус ја активираше клаузулата со која трајно го обезбеди трансферот на Федерико Киеза од Фиорентина. Италијанскиот репрезентативец и се приклучи на „Старата дама“ како позајмен играч во октомври 2020 година, со можност за откуп на договор на крајот од оваа сезона.
Како што пишуваат медиумите, еден од условите за трансферот на Киеза да премине во редовите на клубот од Торино бил пласманот на Јувентус во Лигата на шампионите, а таа цел тимот од Торино ја исполнил на три кола пред крајот на сезоната.
Јувентус веќе плати 10 милиони евра за позајмица на Киеза и ќе плати дополнителни 40 милиони за неговиот трансфер да биде перманентен.
24-годишниот фудбалер има постигнато 18 гола на 61 натпревар за Јуве и моментално е надвор од тимот поради тешка повреда на коленото.
На три кола пред крајот на Серија А, Јувентус е четврти со 69 бодови, еден помалку од третопласираниот Наполи, шест од Интер и осум од водечкиот Милан. Лацио на петтото и Рома на шестото место заостануваат со 10 бода зад Јувентус и повеќе не можат да стигнат до позицијата која води во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА