Официјално: Јувентус загуби уште една трансфер битка, Рејнолдс е нов играч на Рома

Брајан Рејнолдс (19) и официјално е нов фудбалер на Рома. Тој е брз страничен играч, кој требаше да замине во Јувентус на почетокот на јануари, а потоа првите шест месеци од авантурата во Калчо-лигата да ги мине на позајмица во Беневенто. Сепак, во последен момент дојде до компликации во трансферот на американскиот репрезентативец во таборот на „старата дама“, а Рома го искористи тоа и успеа да го доведе Рејнолдс на „Олимпико“.

„Старата дама“ оваа сезона веќе донесе двајца играчи надвор од Европската унија, па единствената опција беше фудбалерот да биде проследен на позајмица во Беневенто, што не му се допадна на играчот. Рома ова го искористи и брзо реагираше, испрати посилна понуда на адресата на Далас и го убеди играчот да дојде во Рим.

Иако постојат различни извори во врска со деталите за трансферот. Се вели дека станува збор за шестмесечна позајмица, со задолжително купување од 7.000.000 евра на крајот на сезоната и 15 проценти од следната продажба. Играчот ќе има договор на четири и пол години со годишна плата од 800.000 евра.

Американскиот фудбалер идеално треба да се вклопи во системот на Пол Фонсека, бидејќи тој е десен бек со изразени офанзивни карактеристики. Рејнолдс со тоа ќе стане вториот Американец, од доаѓањето на дефанзивниот играч за врска, Мајкл Бредли.

Рома се покажа како многу способна на пазарот, имајќи предвид дека преговорите официјално траеја два месеци и започнаа во ноември. Сепак, и Јувентус направи сериозна грешка тука, со оглед на тоа што на крајот се откажаа затоа што не сакаа да дадат поголема понуда од Рома.

Се вчитува...