Италијанската фудбалска легенда Фабио Канаваро, е нов тренер на Динамо Загреб. Денешните најави се остварија, и Канаваро доаѓа на местото на Ненад Бјелица, кој доби отказ.
Избршниот одбор на хрватскиот првак ја поддржа оваа одлука, и Италијанецот седнува на клупата на „модрите“ кои ќе ги води и кон титула во хрватскиот шампионат, и кон успех во Лигата на шампионите.
Канаваро ќе биде битка со неговиот сонародник Џенаро Гатузо за титулата во Хрватска. Канваро ќе има можност да ги тренира двајцата македонски интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Воедно, Динамо му се заблагодари на Бјелица за досегашниот придонес. Хрватот по вторпат добива отказ од Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА