Карим Бензема и дефинитивно нема да биде дел од Светското првенство во Катар, потврдија француските медиуми доцна вечерва.
Освојувачот на „Златната топка“ за годинава го напушти последниот тренинг на Франција поради болка во бутниот мускул поради која ги пропушти последните неколку натпревари и за Реал Мадрид пред паузата за Мундијалот во Катар.
Дешам ќе мора да најде замена за Бензема. За потсетување поради скандалот со Матју Валбуена, Бензема не беше дел од тимот на „триколорите“ кој ја освои титулата на Мундијалот во Русија во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА