Карлос Солер од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ откако потпиша договор до 2027 година со клубот од главниот град на Франција. 25-годишниот играч од средниот ред во редовите на „светците“ доаѓа од Валенсија за 18 милиони евра, а трансферот може да стигне и до 21 милион евра со оглед на предвидените бонуси.
Шпанецот кој во сениорската кариера настапуваше само за Валенсија одигра 226 натпревари на кои постигна 36 гола и 31 асистенција. Добрите настапи му донесоа и место во репрезентацијата на Шпанија.
✍️🔴🔵 Welcome @Carlos10Soler! #WelcomeCarlos pic.twitter.com/by8XWvVjvp
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) September 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА