Официјално: Кеси е нов фудбалер на Барселона (ФОТО)

Франк Кеси во следните четири години ќе ги брани боите на Барселона, потврди каталонскиот клуб. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во Шпанија доаѓа како слободен играч од Милан каде имаше одлична сезона и воедно беше еден од најзаслужните за освојувањето на Серија А.

За 25-годишникот тоа ќе биде прв ангажман надвор од Италија каде претходно покрај Милан ги бранеше боите и на Аталанта и Чезена. За неговиот потпис ова лето постоеше интерес и од неколку Премиерлигаши, како и желба на „росонерите“ за продолжување на соработката, но на крајот одлуката падна на каталонскиот гигант.

Се вчитува...