Баерн Минхен денеска комплтираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со Ким Мин Џае, одличниот дефанзивец на Наполи кој по само една година играње со нашиот Елиф Елмас се реши за нов предизвик во кариерата и се пресели во таборот на баварскиот гигант.
Корејскиот ас имаше клаузула од 50 милиони евра во договорот со „наполитанците“ што го направи интересе за неколку европски гиганти, но Баерн Минхен излезе како победник од оваа трка. Ким најпрвин на почетокот од летово го отслужи воениот рок во татковинтата, а откако ја исполни и таа обврска дојде во Минхен каде денеска го стави потписот на договорот со важност до 2028 година.
„Баерн Минхен е сон за секој врвен фудбалер. Со нетрпение го очекувам сето она што ќе биде пред мене во Минхен, ова е нов почеток, шанса за уште повеќе да се развивам како играм“, изјави Ким.
𝘒𝘔𝘑 ✍️#MiaSanMia #ServusMinjae pic.twitter.com/feGtf0cY2z
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) July 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА