Заврши сагата околу продолжувањето на договорот на Џошуа Кимих со германскиот гигант Баерн Минхен.
Иако во последните месеци се говореше дека ова ќе биде последна сезона за Кимих на „Алијанц арената“ и тој ќе замине бидјеќи не може да се договори со раководството за продолжување на договорот, сепак работите се променија.
Актуелниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, а по долги преговори, двете страни на крајот конечно постигнаа договор за продолжување на соработката до 2029 година.
Џошуа Кимих е дел од Баерн од 2015 година, кога потпиша од Штутгарт. За Баварците има 429 настапи, на кои има постигнато 43 гола и 114 асистенции.
𝟭𝟬 𝗝𝗮𝗵𝗿𝗲 und noch lange nicht genug! 🏆✨#Kimmich2029 #FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/CGRe1ETNXT
— FC Bayern München (@FCBayern) March 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

