Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска кариера ќе ја продолжи во унгарскиот клуб Сомбатхељ откако денеска го официјализираше договорот со клубот за кој настапува и Ивана Џатевска.
Во унгарскиот тим Македонката пристигнува од редовите на францускиот Самбр Авенуа и не го крие задоволството од новиот интернационален предизвик.
„Пресреќна сум што ќе бидам дел од овој тим. Со нетрпение ги чекам новите предизвици и шансата да достигнам нешто големо со клубот и во процесот да се развијам себе си. Верувам дека ова е тим кој е способен за големи резултати бидејќи веќе докажаа дека се е можно. Чест ми е и остварување на сонот што ќе ја продолжам кариерата во едно силно првенство како унгарското, полно со одлични ракометарки и тимови. Едвај чекам да почнеме да работиме заедно, да ги запознаам сите и се надевам дека ќе се радуваме на многу успеси заедно“, изјави Кипријановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

