ОФИЦИЈАЛНО: Клајверт е нов селектор на Индонезија

Поранешниот холандски напаѓач, Патрик Клајверт е нов селектор на Индонезија, потврди Фудбалската федерација на оваа земја.

Клајверт беше главен кандидат за оваа позиција, откако Индонезија го отпушти поранешниот селектор Шин Тае Јонг претходно оваа недела. Промоцијата на Клајверт најверојатно ќе се одржи во недела.

Поранешниот напаѓач на Барселона и дете на Ајакс, досега беше помошник тренер во селекциите на Холандија и Камерун. Беше и тренер на Курасао, а последната работа му беше во турската Адана Демирспор.

Главната задача, која е поставена пред 48-годишниот Холанѓанец, ќе биде за прв пат да ја однесе Индонезија на Светско првенство. Индонезијците во моментов се третопласирани на табелата во Ц групата во последната фаза од квалификациите за Светското првенство на азиско тло со шест освоени бода од исто толку одиграни натпревари, додека до крајот на квалификациите остануваат уште четири кола.

Се вчитува...