Искусниот италијански тренер Клаудио Раниери, ја прекина својата пензија за да стане ново-стар тренер на Рома. Тој ќе го замени на клупата Иван Јуриќ, кој доби отказ по слабите резултати.
Раниери во минатото двапати беше тренер на Рома, а последен тим кој го водеше беше Каљари, кој го напушти минатата сезона, после обезбедениот опстанок во Серија „А“.
Тој е третиот тренер на „волчицата“ во оваа сезона. Првенството го почна Даниеле де Роси, потоа Јуриќ и сега Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА