Официјално: Кокелан во Валенсија за 14 милиони евра

Францускиот интернационалец на Арсенал, Франсис Кокелан ги засили редовите на Валенција. „Лилјаците“ исплатија 14 милиони евра за неговите услуги, играчот за врска потпиша четири ипол годишен договор,  додека откупната клаузула на неговиот договор изнесува 80 милиони евра.

26-годишниот фудбалер ги напушти „топчиите“ по речиси една деценија, а неговото заминување е одраз на недоволната минутажа која ја добиваше кај менаџерот Арсен Венгер. Кокелан од 2008 година одигра вкупно 105 натпревари во Премиер – лигата за тимот од Лондон, но на ниту еден од нив не успеа да се запише во листата на стрелци.

Се очекува Кокелан веднаш да биде достапен за тренерот Марселино за мечот против Депортиво Ла Короња кој е закажан на 13. јануари.

Ова е второ зимско засилување за екипата од „Месталја“, откако во првите денови од преодниот рок го позајмија Лусијано Вието од Атлетико Мадрид.

 

Се вчитува...