Италијанскиот калчолигаш Милан само неколку часа откако се збогуваше со тренерот Пауло Фонсека официјално го промовираше Сержо Консеисао како нов тренер.
„Милан може да соопшто дека му укажа доверба на Сержо Консеисао да седне на тренерското столче на првиот тим на договор до 30. јуни 2026 година. Сакаме да му посакаме топло добредојде, и да му посакаме многу успех“, соопшти Милан.
Договорот на португласкиот стратег кој во минатото го предводеше Порто е со важност до јуни 2026 година.
Official Statement: Sérgio Conceição #SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) December 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА