Официјално: Константин Чешмеџиев e нов фудбалер на Радник Бијелина (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Константин Чешмеџиев во новата сезона ќе биде дел од прволигашот Радник Бијелина од Босна и Херцеговина со кој официјално потпиша договор.

Дваесетидеветгодишниот дефанзивец со себе носи и богато домашно и интернационално искуство откако претходно во македонскиот фубал настапуваше за Македонија ЃП, Шкендија, Шкупи и Работнички, а на интернационалната сцена и во Бугарија, Албанија, С. Арабија и БиХ каде претходно ги бранеше боите на Вележ.

Се вчитува...