Официјално: Ковач потпиша нов договор со Борусија Дортмунд

Нико Ковач ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако хрватскиот стратег денеска потпиша нов договор со екипата на Борусија Дортмунд.

Тој пристигна на кормилото на „милионерите“ во текот на ланската сезона кога тимот се наоѓаше на 11. место на табелата, ја оствари зацртаната цел со влезот во ЛШ, по што веднаш почнаа преговорите за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Ковач истекуваше на крајот од оваа сезона, но со продолжувањето на соработката тој ќе биде на чело на Борусија Дортмунд до јуни 2027 година.

„Пресреќни сме поради потпишаниот договор со Нико и неговиот тренерски тим. Важно е да постои стабилност за сите да се фокусирани максимално на предизвицит епред нас. Нико Ковач инсистира на истите вредности како и клупската управа, секојдневно го бара тоа од фудбалерите и веруваме дека сме заедно на истиот пат кон успехот. Тој оствари големи работи во изминатите шест месеци и веруваме дека ќе продолжи во ист ритам и во наредниот период“, изјави директорот на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел.

Се вчитува...