Американскиот кошаркар Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс.
Како што објавија Американските медиуми, Пол размислуваше помеѓу повеќе понуди, но на крајот ги избра Клиперс.
40-годишникот така се врати во Лос Анџелес, кој го напушти во 2017 година, по што играше за Хјустон, Оклахома, Феникс, Голден Стејт и Сан Антонио.
Се претпоставува дека ова ќе биде последната сезона во кариерата на дванаесеткратниот Ол-стар играч, а договорот што ќе го потпише ќе биде едногодишен, вреден 3,6 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

