Андреас Кристенсен и официјално е нов фудбалер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона. Станува збор за дански дефанзивец, кој откако не го продолжи договорот со Челси се реши да ја прифати понудата на каталонскиот клуб.
Кристенсен потпиша договор на четири години, и има откупна клаузула од 500 милиони евра, со што Барселона ќе се заштити од евентуален атак на друг клуб во иднина за неговиот потпис.
Се очекува Кристенсен да придонесе во стабилноста на не толку убедливата дефанзивна линија на тимот на Чави. Во претходната сезона тренерот на Барселона ги користеше главно Пике и Араухо, а повремено и Ерик Гарасија, но повратникот од Манчестер Сити баш и не се прослави.
Пред неколку часа Барселона претстави и засилување во средниот ред и како слободен фудбалер го договори одличниот играч за врска, Френк Кеси, кој до минатата сезона ги бранеше боите на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

