Официјално: Лаказет се врати назад во Лион

Александр Лаказет повторно ќе го носи дресот на Лион откако потпиша тригодишен договор со францускиот прволигаш. Искусниот голгетер се враќа назад на „Жерлан“ како слободен играч, по истекот на договорот со Арсенал. Токму токму од Лион во 2017 година се пресели во Арсенал за рекордна продажба од 60 милиони евра, за пет сезони подоцна да се врати назад во клубот каде ги мина најдобрите моменти во кариерата.

Лаказет пристигна во Лион на 12-годишна возраст, ги мина младинските категории во тимот, потоа настапи и на осум сезони во првиот тим на Лион, одигрувајќи 275 натпревари и постигнувајќи 129 погодоци.

„Враќањето на Лаказет беше приоритет на клубот во последните месеци и одлично се вклопува со новата стратегија што ја воведува Лион“, се вели во клупското соопштение за трансферот на искусниот голгетер.

Се вчитува...