ОФИЦИЈАЛНО: Ламин Јамал е новата „10“ на Барселона

Тоа што се пишуваше од крајот на минатата сезона, денеска доби и официјална потврда, а тоа е дека неверојатниот млад фудбалер Ламин Јамал е новата „10“ во Барселона.

Сега веќе 18-годишниот Јамал со неверојатните игри минатата година и половина ги освои срцата не само на фановите на каталонскиот тим туку и на вистинските заљубеници во фудбалот.

Каталонците денеска и официјално потврдија дека тој ја презема 10 од Ансу Фати, кој своевремено исто така беше најавен како наследник на Лионел Меси.

Каталонците се пофалија и дека Јамал и официјално го продолжил договорот со клубот и на „Камп ноу“ ќе остане најмалку уште шест години, односно до 2031 година.

Се вчитува...