Челси официјално потврди дека Франк Лампард се враќа на клупата на „сините“ и ќе го води тимот до крајот на сезоната. Лампард веќе еднаш го водеше клубот, и беше заменет со Томас Тухел, а тимот на крајот од сезоната го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Враќањето на Лампард претставува огромно изненадување, ако се има во предвид какви имиња се „вртеа“ во последните неколку денови за клупата на клубот од Стемфорд Бриџ.
„Имаме чест да му посакаме добродојде назад на Френк Лампард на Стемфорд Бриџ. Френк е човек кој е во куќата на славните во овој тим и легенда на Челси. Сакаме да кажеме дека имаме јасна програма за тимот до крајот на сезоната. Френк ги има сите карактеристики да го одведе тимот до целта во остатокот на сезоната“, стои во соопштението на Тод Бојли, сопственикот на Челси за назначувањето на Лампард.
Лампард на почетокот на оваа сезона го водеше Евертон, но беше сменет поради лошите резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

