Поранешниот менаџер на Челси и на Евертон, Франк Лампард после неколкумесечна пауза се враќа на тренерската работа. Тој во идниот период ќе работи во тимот на Ковентри Сити, кој се натпреварува во Чемпионшип.
Тој потпиша договор со тимот до 2026 година. Исто така со него доаѓаат и помошни тренери Џо Едвардс и Крис Џонс.
„Неговите искуства во Челси и Евертон ќе му обезбедат на нашиот талентиран тим јасно разбирање за тоа што точно е потребно за да успееме на највисокото ниво до кое ние како клуб се стремиме да го достигнеме“, велат од Ковентри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

