Лацио стигна до ново засилување во пресрет новата сезона. Станува збор за Нуно Тавареш, португалскиот лев бек кој официјално доаѓа од редовите на Арсенал како позајмен играч со тоа што се очекува неговиот договор да биде откупен во целост и да потпише соработка со клубот од главниот град на Италија до 2029 година.
Тавареш во засили Арсенал во 2021 година од Бенфика, но не успеа да се наметне во редовите на премиерлигашот. Првата сезона одигра 28 натпревари, а следните две ги помина на позајмица во Олимпик Марсеј и Нотингем Форест.
Welcome, Nuno 🇵🇹 #CMonEagles 🦅 pic.twitter.com/DKUZL4XtAD
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) July 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА