Официјално: Левандовски е нов фудбалер на Барселона!

Роберт Левандовски и официјално стана нов фудбалер на Барселона, откако каталонската гордост објави денеска дека е договорен трансферот со Баерн Минхен и формалното претставување и потпушување на договорот ќе биде веднаш по комплетирањето на лекарските прегледи.

Левандовски треба да потпише четиригодишен договор, а Баерн ќе добие вкупно 50 милиони евра за трансферот, 45 милиони веднаш и пет милиони варијабилни во бонуси.

Левандовски доаѓа во Барса после осум години во дресот на баварскиот великан со кој освои сѐ што можеше да се освои, а двапати ја освои и наградата на ФИФА, „Бест“ за најдобар светски фудбалер (2020 и 2021 година).

 

 

Се вчитува...