Најбрзата скијачка во историјата, Линдзи Вон, доби дозвола да се врати во Светскиот куп во својата петта деценија.
Така, по речиси шестгодишна пауза, повторно ќе ја видиме Вон, а таа ќе дебитира на 14. и 15. декември во спуст и супер-џи тркиет во Бивер Крик.
Официјално најдобрата скијачка во спуст во историјата, Вон најави враќање од пензија по пет години, но мораше да добие одобрение од Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
ФИС и официјално и додели „покана“, па и беше отстранета последната пречка за нејзиното појавување во Колорадо.
Американката е трикратна освојувачка на олимписки медали, четири пати го освои Големиот кристален глобус и освои осум медали на светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

