Германскиот фудбалер Лирој Сане потпиша договор со Галатасарај, соопшти турскиот клуб.
Сане (29) потпиша тригодишен договор со Галатасарај, а како што соопшти клубот ќе заработува 12 милиони евра по сезона.
Германскиот фудбалер последните пет години ги мина во Баерн, за кој одигра 220 натпревари во сите натпреварувања и постигна 61 гол, со 55 асистенции.
За германската репрезентација одигра 70 натпревари и постигна 14 голови. Сане во својата кариера беше член на Шалке, Манчестер Сити и Баерн. Галатасарај ја освои двојната круна во Турција во сезоната 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

