Официјално: Ливерпул го купи Мамардашвили, па го врати назад во Валенсија

Ливерпул конечного официјализираше првиот трансфер во летниот преоден рок, но Арне Слот сепак нема да го има новиот играч на располагање за оваа натпреварувачка сезона.

Гиорги Мамардашвили е нов член на „црвените“ откако Ливерпул и Валенсија постигнаа договор овој 23-годишен голман да се пресели на „Енфилд“ за сума од 30 милиони евра. Сепак, според договорот меѓу клубовите Грузиецот ќе се врати назад на „Месталја“ и ќе ја мине следната сезона на позајмица во Валенсија, по што следното лето и официјално ќе му се приклучи на англискиот гигант.

Ваквиот развој на настаните е лоша вест за нашиот Столе Димитриевски. Македонскиот голман дојде како слободен играч од Рајо Валјекано со ветување дека ќе биде прв голман како наследник на Мамардашвили. Останувањето на Грузиецот целосно ја менува ситуацијата за Димитриевски, кој има клаузула да си замине за сума од три милиони евра, но многу пореално е тој да отиде на позајмица до крајот на сезонава.

Се вчитува...